Новото коло на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, е отворено до сабота, во 14 часот, кога почнува првиот меч, а голем дел од играчите веќе го одиграа тикетот.
Во фокусот се неколку дерби-дуели, пред сѐ Лајпциг – Баер Леверкузен во Бундеслигата, Наполи – Јувентус во италијанската Серија А и Манчестер сити – Челзи во Премиер лигата. Сите овие дуели се дел од саботниот распоред.
Во недела интерес побудува пресметката меѓу Удинезе и Рома во Серија А.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.