Викендот кој претстои нѐ очекуваат неколку дерби-пресметки ширум Европа, а тие се и нов вистински предизвик за играчите на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life.
Типувањето е веќе отворено и ќе трае до сабота во 14 часот, кога се игра првиот од 13-те понудени натпревари.
Вистински предизвик ќе биде да се погодат исходите на неколкуте дерби-натпревари, а во сабота се игра мечот помеѓу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен во Бундеслигата. Во недела на програмата се дербито на Лондон, помеѓу Арсенал и Челзи, градското дерби помеѓу Бетис и Севиља, но и дуелот меѓу Рома и Јувентус во Серија А.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.


