Дерби-дуелите во Манчестер и Мадрид се магнет за добрите прогнозери – Играјте за „ајфон 11“ во 14-тото коло на Спортска прогноза

Новото коло на Спортска прогноза, 14-то по ред во третата сезона е суперинтересно и треба многу вештина за да се одигра мудро во трката за „ајфон 11“ што го доделуваат Sport Life и Спорт Манија како награда за прогнозерите што ќе ги погодат сите 13 двојки.

Два дерби-дуели привлекуваат посебно внимание, а во фокусот се Манчестер и Мадрид. Утре од 18.30 часот Манчестер јунајтед и Манчестер сити ќе играат меѓусебе во меч од 12-тото коло во Премиер лигата, а и публиката во ограничен број поради пандемијата со ковид-19 ќе може да присуствува на „Олд Трафорд“.

Кој ќе се радува, црвената или сината страна на градот, е постојана дилема кога играат двата члена на големата шесторка на англискиот фудбал, а мечот е вистински предизвик за да се приклучите со своја прогноза во 14-тото коло.

Веднаш потоа од 21 часот се игра и дербито на Мадрид, меѓу Реал и Атлетико. Двата клуба имаа успешен настап и во првата фаза во Лигата на шампионите, а и во Ла Лига ќе бијат битка за титулата, па мечот е особено важен, иако е рано за одлука во шпанското првенство.

Вашите прогнози можете да ги комбинирате до 14 часот утре, кога ќе почне првиот меч меѓу Валенсија и Атлетик Билбао.

И дуелите меѓу Евертон и Челзи, потоа Марсеј и Монако, ПСЖ и Лион се исклучително интересни, па ви ги нудиме за типување во 14-тото коло на Спортска прогноза.

Не ги заборавајте и резервните двојки, што носат поени за подобри позиции во Генерален пласман, а награди ќе има и во оваа категорија на крајот од сезоната.

Прогнозирајте, забавувајте се со бесплатната игра на Sport Life и Спорт Mанија и очекувајте убави награди.

 

- Оглас -

Најнови вести