Типувањето на натпреварите од новото, 19-то коло на бесплатната игра на Sport Life, Спортската прогноза, веќе е отворено. Нови 13 натпревари, плус два резервни, се предизвик за играчите на најпопуларната игра во Македонија, но два меча посебно се истакнуваат.
Дерби-дуелите за титулите во Бундеслигата и Ла Лига на програмата се во сабота, во 18:30 часот и токму тие натпревари ќе одлучат дали ситуацијата на врвот од табелите во овие првенства ќе се искомплицира или ќе се искристализира. Токму ова ќе биде и најголемиот предизвик за играчите на Спортската прогноза. Во Бундеслигата Баер Леверкузен му е домаќин на Баерн Минхен, додека во Шпанија Реал ќе ја пречека Жирона.
Во понудените 13 натпревари, дури шест се од шпанската Ла Лига, по два се од Германија, Италија и Франција, додека еден меч е од англиската Премиер лига.
За погодена 13-ка, подарокот можете сами да си го одберете.
Изборот е меѓу трите понудени варијанти:
Смарт ТВ самсунг 55” 4K,
Xiaomi електричен тротинет и
Сони плејстејшн 5.
Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар, ним им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари.
Прогнозирајте и бидете во трка за освојување примамливи подароци!