Дерби изведе најлуда корнер-акција, го збунија противникот и дадоа гол (Видео)

Вејн Руни, кој е тренер на англискиот второлигаш Дерби каунти, ја виде корнер-акцијата на мечот од германската Цвајта помеѓу Карлсруе и Регенсбург, па доби идеја да го примени тоа, само што неговите играчи стоеја на другата страна од 16-никот и постојано ја гледаа топката.

Кога играчот изведе корнер, голема група играчи втрчаа кон голот, а Буканан со глава ја врати топката до Грегори, кому не му беше тешко да даде гол за 1-0 на дуелот со Мидлсборо. Вечерва Дерби повторно има меч од Чемпионшип, останува да видиме дали ќе повторат ова или ќе покажат некоја друга оригинална идеја.

- Оглас -

Најнови вести