Дерби кое секогаш е тешко да се предвиди како предизвик да бидете дел од Спортска прогноза

Рома против Лацио во меч на кој секогаш е предизвик да се прогнозира конечниот исход е дел од 20-тото коло во Спортска прогноза. Римската волчица ја има улогата на домаќин, но тоа не значи многу ако се знае дека „Олимпико“ е дом на двата тима.

На понудата за овој викенд од италијанската Серија А има уште три меча. Аталанта, која кискираше дома против СПАЛ, ќе се обиде да стигне до победа на гости кај Торино, а Сампдорија и Парма би требало да бидат благи фаворити против Сасуоло и Удинезе.

Стандардно, главната премија за погодени сите 13 парови е мобилен телефон IPhone XS, додека за 12 и 11 погодоци следуваат вредносни ваучери од Sport Life од по 500 и 200 денари.

Освен основните 13 парови, немојте да заборавите да прогнозирате и на двата резервни дуели кои се навистина атрактивни. Валенсија ја пречекува Барселона, а Наполи е домаќин на Јувентус. Погодоците на овие двојки носат бодови за во Генералниот пласман. Наградата за шампионот во Генералниот пласман е ТВ Смарт од 48 инчи, а ќе се додели по завршувањето на втората сезона на Спортската прогноза.

Едноставно вреди да се игра БЕСПЛАТНАТА Спортска прогноза и затоа не чекајте, туку објавете ги важите прогнози!

- Оглас -

Најнови вести