28.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Дерби на два Олимпика и на два тима од Данди

2853 Олимпик Лион – Олимпик Марсеј (21 ч.)

Лион има седум меча без пораз од кои дури шест му се со 0-2 гола. И Марсеј е во одлична форма и девет дуели е без пораз. Лион има многу подобар биланс во меѓусебните дуели и во последните 15 средби против Марсеј има само еден пораз, а дури седум победи и седум нерешени.

Дури 12 од овие 15 дуели завршиле максимум со три гола.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.99)

 

6701 Боливија – Чиле (21 ч.)

Уште три кола има до крајот од јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство во Катар, а овие две селекции имаат само теоретски шанси за место на Мундијалот.

Домашниот терен секогаш е адут за Боливија затоа што играат во Ла Паз на надморска висина над 3.000 метри, што претставува проблем за гостите. Тоа се покажува и од фактот дека Боливија во овие квалификации дома има четири победи, едно реми и само два порази со гол-разлика 15:7.

Чиле има квалитетен тим со Браво на голот и Медел, Санчес, Вардас во составот, па се очекува ова да биде неизвесен дуел со малку погодоци.

Предлог тип: 0-1 I& 0-1 II (2.26)

 

1029 Болтон – Кембриџ (21 ч.)

Болтон е во одлична форма со три победи во кои имаше гол-разлика 9:0. Кембриџ е без пораз во 2022 година и сигурно гостите ќе бидат со цел да освојат барем еден бод.

Овде може и еден момент да го реши победникот, а поголеми шанси за триумф секако има домаќинот.

Предлог тип: 1 (1.83)

 

1241 Данди – Данди јунајтед (20:45 ч.)

Градското дерби секогаш знае да биде неизвесно. Двете екипи се во вториот дел од табелата во Шкотска, а Данди е во очајна низа со шест победи и само едно реми во последните седум кола. Во овие седум кола, Данди даде само три погодоци, што покажува дека реализацијата им е најслаба страна.

Во последните три години играле четири пати, а Данди јунајтед има три победи и само едно реми, па и сега гостите се фаворити да не загубат.

Предлог тип: Х2&2-5 (2.25)

 

1536 Санта Клата – Боависта (21:15 ч.)

Двете екипи се во долниот дел од табелата во Португалија и тоа што е интересно е дека најчесто меѓу себе знаат да одиграат ефикасен дуел. Боависта има пет нерешени по ред и сите завршија идентично, со резултат 1:1, па храбрите тука би играле и на точен резултат.

Предлог тип: ГГ (1.95)

 

- Оглас -

Најнови вести