Дерби на две екипи кои не знаат што е тоа пораз, ланските финалисти во ЛШ во 10 меча немаат нерешено

3655 Црвена ѕвезда – Партизан (18 ч.)

Вечното белградско дерби на две екипи кои едноставно не знаат да загубат. Партизан има 19 победи по ред во Србија (првенство и куп), додека Црвена ѕвезда е во неверојатна низа од 32 средби во сите натпреварувања без пораз.

Партизан има гранитна одбрана и во последните 900 минути само еднаш прими гол, а постигна дури 33 погодоци. И Црвена ѕвезда е одлична и даде 28 гола во последните осум меча, но тоа што двата напади се ефикасни, не треба да значи дека ќе има и голови на денешниот меч.

Традицијата и статистиката велат дека на 13 од последните 16 меѓусебни средби немало повеќе од два гола на вечното дерби. Иако Црвена ѕвезда е лидер и актуелен шампион, кога се работи за мечевите против Партизан, нема победа на последните пет меѓусебни дуели (три порази и две нерешени). Последен пат Црвено-белите се радуваа во дербито во април 2019 година.

Предлог тип: 1X&0-2 (2.30)

 

6003 Баерн Минхен – Пари Сен Жермен (21 ч.)

Ако се погледне статистиката на меѓусебните дуели на овие два клуба, едно е јасно, во 10 средби досега никогаш не одиграле нерешено. Билансот е израмнет и двете екипи имаат по пет победи, а Баерн ги добил последните три дуели, меѓу кои е и најзначајниот, ланското финале во ЛШ.

Двете екипи имаат многу повредени играчи, но клубови во чии состави има над 20 квалитетни играчи, не треба да имаат проблем да одиграат на високо ниво. Баерн има седум победи во низа, а ПСЖ игра со многу осцилации и има само две победи во последните пет средби.

Вчерашните два меча во ЛШ излегоа 1&2-4 гола и очекуваме во Минхен истата комбинација да биде добитна.

Предлог тип: 1X&2-4 (2.20) – Квота на денот во Sport Life

 

6004 Порто – Челзи (21 ч.)

Порто со елиминацијата на Јувентус покажа дека е екипа за респект која може секого да изненади. Челзи на девет од последните 11 средби одигра без да прими гол, но последниот меч на „Стемфорд бриџ“ против Вест Бромвич албион беше шокантен за лондончани и загубија со 2:5. Токму овој резултат може да ја разниша самодовербата, посебно во одбраната на Челзи.

Овие две екипи досега имаат одиграно осум меча, а дури на шест имало меѓу два до три погодоци, опција која делува реална и за денешниот натпревар.

Предлог тип: 2-3 (2.01)

 

1301 Реал Сосиедад – Атлетик Билбао (21 ч.)

Само во четири дена ова е второ баскиско дерби. Реал Сосиедад го доби претходниот меч, кој им го донесе трофејот во Купот на Шпанија за 2020 година. За победа во финалето на Купот доволно беше еден гол, и тоа од пенал, што само ја кажува големата борба, без многу шанси.

Триумфот на Сосиедад во Купот не е случаен ако се знае дека Реал има пет победи во последните шест меѓусебни дуели. Атлетик Билбао сезонава на гостински терен има само две победи во 14 натпревари.

Предлог тип: 1 (2.30)

 

3141 Хајдук – Славен Белупо (18 ч.)

За Хајдук ова можеби е и последен обид да се остане во трката за третото место на табелата, кое води во Лигата на Европа. Славен Белупо е тим кој девет меча нема победа во првенството. Реално Хајдук не смее да си дозволи кикс и треба да се радува на овој меч против тим кој нема сигурна одбрана, па може да има погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.99)

 

- Оглас -

Најнови вести