Дербито на Италија се пресели во Кина, Јувентус е фаворит против Интер

Јувентус – Интер (Интернационален куп на шампиони, 13.30 часот)

Двата гиганти од Италија со порази од англиските екипи ги почнаа подготовките за сезоната што е на прагот, но и во новото натпреварување наречено Интернационален куп на шампионите.

Дуелите на Јувентус и Интер поради големиот ривалитет секогаш се интересни, без разлика што денеска нема да се игра за бодови значајни во битките за титули.

Популарното дерби на Италија ќе се игра во кинески Нанџинг, а фаворит е шампионот Јувентус. За ривалитетот на двете екипи има многу приказни, историјата на меѓусебните дуели е долга меѓу овие два тима, а неретко контроверзните моменти од дуелите носеа и политички проблеми во Италија.

Јувентус е многу поуспешен во меѓусебните дуели и има 110 победи на 247 натпревари со Интер, додека ривалот славеше на 77, со 60 нерешени мечеви.

Предлог тип: 1+I&2+II (2.95) Квота на денот Sport Life

 

Португалија – Р. Ирска (ЕП за играчи до 19 години, 16 часот)

Младите Португалци се големи фаворити за победа, а играат во топ-форма и се непоразени на шест меча по ред. Го освоија првото место во групата, која беше потешка од таа во која Ирците завршија како второпласирани.

Португалците ги оставија зад себе Шпанците, потоа и Италија и домаќинот Ерменија, а Република Ирска заврши зад Франција, а пред Норвешка и Чешка.

Португалија е најефикасниот состав на ЕП засега со 8 постигнати голови, а во последните две фази пред полуфиналето постигнаа дури 18 гола, а примија само еден.

Лани, исто така на ЕП, Португалија ја декласира Република Ирска со 4:0, а на последните три меѓусебни дуели на овие репрезентации едната не постигнуваше гол. Сега ќе типуваме дека Португалија ќе продолжи ефикасно, а и дека Ирците барем еднаш ќе ја затресат мрежата на фаворитот.

Предлог тип: Т1 2+&ГГ (2.55) Квота на денот Sport Life

 

Марибор – АИК (Квалификации ЛШ, 20.15 часот)

Марибор има подобри резултати во еврокуповите од АИК, особено во последно време, а веќе трипати играа во фаза по групи во Лигата на шампионите. Тоа е повторно целта на виолетовите од „Људски врт“, повторно да бидат во друштво на фудбалската елита во Европа со нов настап во фаза по групи.

АИК е еден од најстарите клубови на континентот, веќе го прослави 128-миот роденден , а игра во квалификациите во ЛШ по освоената титула број 12 во Шведска.

Двете екипи за првпат ќе играат меѓу себе во еврокуповите, а интересно е што лесно примаат голови. АИК постигна барем еден гол на 13 од последните 15 гостувања, односно вкупно на 12 од последните 14 меча, без разлика дали бил домаќин или гостин.

И Марибор знае да киксне во одбраната, а голманите ја вадеа топката од мрежа на 16 од последните 20 натптревари.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.85) Супер тип на Sport Life

 

Црвена ѕвезда – Хелсинки (Квалификации ЛШ, 20.45 часот)

Предност за Финците ќе биде воиграноста бидејќи Хелсинки веќе одигра 17 натпревари во домашното првенство, а Црвена ѕвезда само што почна со настапите во српската Прва лига.

Белграѓани имаа добра ждрепка и можат да се надеваат на пласман понатаму, во претпоследната фаза пред учество во групите во Лигата на шампионите.

Публиката повторно ќе биде фактор на малата „Маракана“, или како што сега се нарекува стадионот „Рајко Митиќ“, па Црвено-белите ќе имаат силен ветар в грб од трибините.

Предлог тип: 1&2-4 гола (1.90) Квота на денот Sport Life

 

Селтик – Номе Калју (Квалификации ЛШ, 20.45 часот)

Номе Калју приреди голема сензација со нокаутот во Скопје и елиминацијата на Шкендија во претходното коло од квалификациите за Лигата на шампионите. Естонците малку прикажаа на двомечот, а добија многу – можност да играат со Селтик во несекојдневен амбиент на „Селтик парк“ во Глазгов.

Навивачите на шкотскиот гигант знаат да направат феноменална атмосфера, а играчите на Номе Калју немаат премногу европско искуство, па и квалитет за да му се спротивстават на големиот фаворит и стандарден учесник во фазата по групи во Лигата на шампионите.

Нил Ленон остана на кормилото на Келтите и очекува нов пробив до фаза по групи во ЛШ. Номе Калју е скромна екипа и не би требало да претставува преголем проблем за Селтик.

Предлог тип: 2-4 гола (1.74)

 

- Оглас -

Најнови вести