28.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Дерби направи чудо во Белград, дали може Партизан да се „удави“ и во Морача?

Кошаркарите на Партизан беа на чекор од пласман на фајнлфор-турнирот во Евролигата, но беа елиминирани од Реал Мадрид со 3:2 во победи. По една таква борба, речиси никој не веруваше дека Партизан може да загуби на свој терен од тимот на Дерби во четвртфиналето од плејофот во АБА-лигата.

Црногорскиот тим го шокира Партизан и го победи во Белград со 84:83, па сега на домашен терен има неочекувана меч-топка против големиот ривал. Според квотите во Sport Life, Партизан повторно е огромен фаворит за победа, а освен игрите за мечот, тука се и поединечните понуди за поени на кошаркарите.

Дури деветмина играчи има во понудата „плус-минус“. Кевин Пантер, кој е прва ѕвезда во Партизан е на граница од 14,5 поени, а на двоцифрена граница за поени се и Ексум, Ледеј и Лесор. Во понудата има и тројца кошаркари на Дерби, па интересно ќе биде да се погодат овие комбинации.

- Оглас -

Најнови вести