Големите ривалства ќе донесат и голем број на голови

1107 Манчестер јунајтед – Ливерпул (Премиер лига Англија, 17:30 часот)

Најголемото англиско дерби се игра попладнево во 17:30 часот, а двете екипи го дочекуваат во различно расположение. Манчестер јунајтед под водство на Оле Гунар Солскјер не не игра убедливо, и евентуален пораз може да значи и тоа дека Норвежанецот ќе добие отказ.

Од друга страна, Ливерпул е во одлична форма, предводени од Мохамед Салах кој во моментов е најдобриот играч во Премиер лигата.

„Црвените ѓаволи“ имаат големи проблеми во одбраната, а според одредени информации, Бруно Фернандеш е под знак прашалник за оваа средба, што секако ќе биде дополнителен проблем за Оле. Јирген Клоп го има целиот тим на располагање и со добро познатото трио Салах-Мане-Фирмињо ќе се обиде да дојде до нова победа.

Предлог тип: Т22+ (1.85)

 

1637 Ајакс – ПСВ (Ередевизе Холандија, 16:45 часот)

Фантастичен почеток на новата сезона имаат и двете екипи, но, Ајакс во моментов се чини дека игра подобро бидејќи во домашното првенство има неверојатна гол разлика од 32 постигнати и само два примени погодоци.

За тоа каков квалитет има тимот од Амстердам се увери и Борусија Дортмунд која пред неколку дена прими четири погодоци во Лигата на шампионите. Дополнителен „минус“ за гостите е тоа што имаат неколку повредени фудбалери, но, погодоците дефинитивно ќе ги има во изобилије.

Предлог тип: 4+ (2.09)

 

1309 Барселона – Реал Мадрид (Ла Лига Шпанија, 16:15 часот)

Денешните типстерски совети дефинитивно не можат да поминат без најголемото фудбалско дерби во светот.

Иако по којзнае колку години на теренот нема да видиме некој од Лео Меси или Кристијано Роналдо, тука се некои други ѕвезди кои треба во иднина да ги предводат овие две екипи кон нови успеси.

Се разбира, се мисли на Ансу Фати и Винисиус Жуниор, кои веќе покажуваат дека се и повеќе од достојна замена за можеби и најдобрите двајца играчи во историјата на фудбалот.

Предлог тип: ГГ3+ (1.87)

 

1710 Олимпик Марсеј – ПСЖ (Лига 1 Франција, 21:00 часот)

И во Франција исто така не очекува супер-жестоко дерби меѓу двата најомразени ривали. За ПСЖ едноставно нема потреба да се говори со каков квалитет располагаат, но, и Марсеј по долги години може да се надева на добар пласман, и евентуален настап во Лигата на шампионите.

Тимот предводен од Хорхе Сампаоли е трет со освоени 17 бодови од девет одиграни средби, а од второто место ги дели само еден бод, но, и еден еден натпревар имаат одиграно од Ленс.

Во секој случај и тука ќе биде навистина интересно да се види каков пречек ќе имаат Меси, Нејмар и Мбапе од домашните навивачи кои важат за најжестоките во оваа држава.

Предлог тип: ГГ3+ (1.81)

 

3623 Интер – Јувентус (Серија А Италија, 20:45 часот)

Најголемото дерби на „чизмата“ ќе покаже дали и двата тима имаат капацитет за да дојдат до титулата, или пак таа ќе му ја препуштат на некој друг (во овој случај Наполи).

Јуве тргна катастрофално во новата сезона, но, се врати на победнички колосек откако победи на последните пет средби, Интер од друга страна, се чини дека во Един Џеко најде одлична замена за Ромелу Лукаку.

Големата борба, како на теренот така и на тактичарите Симоне Инзаги и Масимо Алегри ќе биде интересна да се проследи.

Предлог тип: Т12+ (1.91)

 

- Оглас -

Најнови вести