3010 Џенова – Монца (20:45 ч.)
Џенова е единствена од најслабите екипи по бројот на освоени бодови на домашен терен. Во 11 меча има освоено само девет бода (една победа). Доброто за неа е тоа што сега ѝ гостува Монца, кој е најслабиот тим во лигата и е на дното на табелата само со 13 освоени бода.
Џенова само со 18 дадени гола го има вториот најслаб напад во лигата, а и Монца не е многу подобра и има само 20 погодоци.
Предлог тип: 1Х&0-2 (1.94)
1310 Алавес – Селта Виго (21 ч.)
Две екипи кои сезонава ќе се борат за опстанок во шпанското првенство. Алавес освои само 12 бода на свој терен од девет средби, но Селта Виго е тим кој има дури седум порази во девет гостински дуели сезонава.
Во последните осум дуели на овие две екипи Селта Виго има шест победи едно реми, а Алавес еднаш се радувал. Шестпати било барем со три погодоци.
Предлог тип: Х2&2-4 (2.40)
5624 Ал Масри – Енпи (18 ч.)
Дуел од првенството на Египет. Ал Масри сезонава игра одлично и е на петтото место на табелата, додека Енпи само со седум бода од девет средби е при самото дно. Карактеристика на двете екипи е дека главен фокус им е одбраната, а нападот им е слаб, па затоа Ал Масри има гол-разлика 7:5 од девет меча, а гостите со 5:8.
Едноставно, тука не треба да се очекуваат многу погодоци.
Предлог тип: 1&0-3 (2.22)
1134 Барнли – Лидс (21 ч.)
Дерби во Чемпионшип во Англија меѓу третиот и првиот на табелата кои ги двојат само три бода, што значи дека Барнли со евентуална победа ќе биде нов лидер. Убедливо најдобрата одбрана ја има Барнли, но Лидс го има најдобриот напад и сигурно тука нема да има многу калкулации.
Лидс има осум победи и само три ремија во последните 11 средби, но серијата на Барнли без пораз и изнесува дури 16 средби.
Предлог тип: ГГ3+ (3.35)
2838 Клуж – Фарул Константа (19 ч.)
Клуж ја има улогата на фаворит, но против себе има тим кој е експерт за нерешени средби. Фарул Константа има пет ремија по ред во првенството, а вкупно 10 сезонава од 22 средби.
Клуж има добар напад, но слаба одбрана, па може да се очекуваат погодоци во двете полувремиња. На последните шест дуела на овие два тима „паднале“ 24 погодоци, што е просек од точно четири гола на меч.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.92)