Арсенал – Манчестер Јунајтед (Недела, 17.30 часот)
Големо дерби и борба за место кое води во Лига на шампиони. Арсенал влегува во овој дуел после незгодниот пораз од Рен во Лига на Европа. Додека, Манчестер по чудото во Париз докажа дека Оле Гунар Солскјер е вистинскиот избор и наследник на Фергусон. Мислам дека ќе има голови и тоа најмалку три на двете страни.
Предлог тип: ГГ3+ (1.88)
Фиорентина-Лацио (Недела, 20.30)
Можеби Лацио на хартија е благ фаворит, меѓутоа за мене поизвесно е дека ќе има барем по еден гол на двете страни.
И двата тим играат отворен и напаѓачки фудбал, па ќе типувам дека ќе има најмалку по еден гол во двете мрежи.
Предлог тип: ГГ (1.67)
Корона – Висла Краков (Сабота, 18 часот)
Финансиската криза кај великанот од Краков се одразува и на теренот. Иако имаат доста искусна екипа со проверени играчи сепак се чувствува несигурноста и падот на формата. Корона е добра на свој терен и мислам дека ќе го искористи лошиот период кај гостинот.Тип 1.
Предлог тип: 1 (1.85)
Арка Гдиња – Легија Варшава (Сабота, 20.30 часот)
Доколку сака да остане во трка со Лехија Гдањск, шампионот од Варшава мора да победува и на гости. Арка е секогаш незгодна, особено на домашен терен, но верувам во квалитетот на гостинот. Ќе типувам двојка.
Предлог тип: 2 (1.92)
Атлетико Мадрид – Леганес (Сабота, 16.15 часот)
Иако има претежок натпревар во Лига на шампиони против Јувентус, домаќинот мора да победува доколку сака да остане во трка со Барселона за титулата во Шпанија. Сигурни се на свој терен и верувам во единица.
Предлог тип: 1 (1.50)