Дерби во вистинска смисла – Интер подобар од Милан на „Сан Сиро“

Интер го доби 294-тото градско дерби против Милан со конечни 2-3 на „Сан Сиро“. Избраниците на Лучијано Спалети му ја спасија работата на тренерот, барем за кратко, бидејќи потполно ги надиграа „росонерите“ и заслужено ги освоија трите бода.

Спектаклот во Милано започна рано, Весино во третата минута ја отвори средбата, погодок со кој Интер имаше предност по првите 45 минути. Второто полувреме беше поефикасно, паднаа четири гола. Де Врeј зголеми на 0-2 во 51-вата минута, а само шест минути подоцна Бакајоко ја намали предноста на „нераѕурите“ и го одржа Милан во игра.

Сепак, Интер за брзо повторно дојде до водство од два гола, во 67-мата минута од белата точка беше прецизен младиот Лаутаро Мартинес, а конечниот резултат го постави Мусакио во 71-та минута. Во шестата минута од судиското надополнување, Д‘Амброзио спаси сигурен гол на Милан и практично ја обезбеди победата на својот тим.

Сега Интер ја презеде третата позиција на табелата, имаат 53 бода, односно два повеќе од градскиот ривал Милан, кој го претрпе петтиот овосезонски пораз.

- Оглас -

Најнови вести