Манчестер сити и Тотенхем одиграа 3:3 во дербито од 14. коло на Премиер лигата. Вистинско гол-шоу имаше на стадионот на Сити, а возбудувањата започнаа кога Сон погоди за 1:0 за гостите. Истиот играч, само 137 секунди подоцна си постигна автогол и веќе во 9 минута беше 1:1. Сон е само вториот фудбалер во историјата на Премиер лигата што дал гол и си постигнал автогол во првите 10 минути.
До крајот на првото полувреме Фил Фоден погоди за водство на Сити од 2:1. Ло Селсо израмни на 2:2 во 69 минута, а Џек Грилиш повторно ги доведе граѓаните во водство со погодокот на Џек Грилиш во 81 минута. Последниот збор сепак го имаше Дејан Кулушевски кој со погодок во 90 минута израмни на 3:3 и двете екипи освоија по еден бод во ова дерби.
На крајот, Сити сега има 30 бодови и е на третото место со три помалку од лидерот Арсенал, а Ливерпул им 31 бодови. Тотенхем е на петото место со 27 бодови.