Дерби за првото место во Романија, Милан и Манчестер ј. се фаворити на гости

1105 Вулверхемптон – Манчестер ј. (21 ч.)

Ова е едно од ретките гостувања на кои Манчестер јунајтед апсолутен фаворит. Тоа е така затоа што Вулверхемптон сезонава е очаен и по 14 кола, овој тим има 12 порази и две нерешени, без ниту една победа.

Вулверхемптон во просек прима по два гола на меч, па Црвените ѓаволи сигурно ќе тргнат офанзивно кон освојување на трите бода.

Предлог тип: 2&2-4 (2.60)

 

3645 Торино – Милан (20:45 ч.)

Милан е под притисок да победи, за да се врати на челната позиција во Серија А. Торино е во лоша серија и нема победа на последните пет меча во првенството.

На последните четири меѓусебни дуели Торино е подобар и има две победи, едно реми, а Росонерите се радувале еднаш. Тие четири меча завршиле со ГГ3+ комбинација, што е најава дека повторно може да има многу погодци.

Предлог тип: ГГ3+ (2.70)

 

1402 Осасуна – Леванте (21 ч.)

Дуел на две екипи кои се во долниот дел од табелата. Леванте е последен со само девет бодови, а Осасуна е со само три бода повеќе и е на 17-тата позиција. Интересна традиција е дека на девет од последните 12 дуели на овие два тима е со НГ комбинација, односно една од двете екипи да не постигне погодок.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.45)

 

1959 Бешикташ – Газијантепспор (18 ч.)

Бешикташ веќе има двоцифрено заостанување зад лидерот Галатасарај и игра променливо. Газијантепспор има три победи на гостин сезонава во шест меча, а и на последните три дуели со Бешикташ има две победи и едно реми.

Традицијата вели дека на последните шест меѓусебни дуели секогаш на крајот имало меѓу два и три погодоци, па оваа низа може да продолжи.

Предлог тип: 1&1+I&3+(2.12)

 

2890 Ботосани – Рапид Букурешт (19:30 ч.)

Дерби за врвот на табелата. Рапид е прв со 38 бодови, а Ботосани има два бода помалку и е на второто место. Тоа значи дека домаќините имаат мотив со победа да бидат нови лидери.

Ботосани сезонава игра одлично дома и има шест победи и три реми без пораз, а Рапид е тим кој освоил најмногу бодови на гости сезонава. Во последните 10 меча на овие ривали, Рапид има шест победи, Ботосани се радувал само еднаш, а три пати било нерешено.

Предлог тип: Х2&1-3 (2.25)

- Оглас -

Најнови вести