На Лавовите од Ѓорче Петров им треба чудо во Тетово, не ја победиле Шкендија од 2008 година

Шкендија е домаќин на Македонија Ѓорче Петров денеска од 13 часот во Тетово, во дербито на есенскиот дел од сезоната, а ќе играат лидерот и второпласираната екипа во Првата македонска лига.

Тетовци се на врвот со 27 бода, еден повеќе од денешниот ривал, кој ги нема победено од 2008 година, или на 17 меча по ред. Тоа е импресивна серија, една од најдолгите актуелни во македонскиот фудбал.

Задачата на гостите ќе биде сложена бидејќи и во ова првенство, во досегашните 13 кола Шкендија е единствената непоразена екипа со биланс од 7 победи и шест нерешени дуели.

Двете екипи заедно имаат 4 титули во македонското првенство, а денеска од 13 часот во Кратово ќе има уште едно дерби на две екипи што биле шампиони на Македонија.

Најтрофејниот наш клуб Вардар со 11 домашни шампионски круни и една од поранешна Југославија ќе му биде гостин на трикратниот првак Силекс. Двете екипи се во средината на табелата, Вардар на шестото место со 19 бода, Силекс зад него со два бода помалку, па победата носи продор кон позициите што водат во Европа.

Двојки, 14-то коло, денеска од 13 часот:

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.

СИЛЕКС – ВАРДАР

РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР

БОРЕЦ – СТРУГА

ШКУПИ – БЕЛАСИЦА

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – РЕНОВА

Табела: Шкендија 27, Македонија Ѓ.П. 26, Шкупи 25, Струга 20, Борец и Вардар по 19, Силекс 17, Работнички 14, Пелистер 12, Ренова 11, Академија Пандев 10, Беласица 9.

- Оглас -

Најнови вести