10.8 C
Skopje
понеделник, 27 октомври 2025

Дерби за врвот во Тетово: Вардар осум години и 21 натпревар нема победа над Шкендија (Фото)

Десеттото коло од Првата фудбалска лига на Македонија ќе биде затворено со „црвено-црното“ дерби на Шкендија и Вардар на „Градскиот стадион“ во Тетово.

Двете екипи имаат по 21 бод, па доколку има победник во Тетово, тоа ќе биде и новиот лидер на табелата, бидејќи Струга има 23 поени на првото место.

Според квотите во Sport Life, фаворитската улога ја има Шкендија со квота од 1.88, додека квотата за Вардар е 3.65.

Скопските „црвено-црни“ немаат победа над Шкендија на последните 21 меѓусебен натпревар или нешто повеќе од осум години. Последната победа на Вардар над Шкендија е во 2017 година (4-2 дома), а истата година скопските „црвено-црни“ победија во Тетово (0-1), но во меч од Купот на Македонија.

- Оглас -

Најнови вести