Дербијата за домаќините, блескаа Дончиќ, Џорџ, Мичел (видео)

Ноќта во НБА лигата исполнета со дерби-дуели, во која доминираа домаќините почна со тримфот на Мајами против шампионот ЛА лејкерс со 110:106. Репризата од ланското финале повторно припадна на Жешките кои сега имаат двојна победа над тимот од Ел – еј, а ноќеска Џими Батлер царуваше на паркетот со 28 поени, 7 скока и 5 асистенции.

Езерџиите ослабени, односно без лидерите Леброн и Дејвис, го претрпеа 20-тиот овосезонски пораз, односно трет во последните пет натпревари.

За разлика од Лејкерс, другиот тим од Лос Анџелес, предводен од Џорџ и Ленард, триумфираше против Феникс со сигурни 113:103. Клиперси го прекинаа маршот на Сонцињата од седум победи по ред, благодарение на расположениот Џорџ кој заврши со 33 поени и 7/9 шут за три поени.

Ленард го следеше со 27 поени, по што Клиперс дојде на само една победа заостаток зад Феникс на табелата на Западната конференција.

https://www.youtube.com/watch?v=NoVAb0JD4n0

Лука Дончиќ исто така имаше своја ноќ со 27 поени и по 9 скока и асистенции. Словенечката ѕвезда флертуваше со трипл-дабл учинокот во победата од 116:101 над Милвоки, но имаше и голема помош од Порзингис кој по подолго време пружи ефикасна партија со дабл-дабл од 26 поени и 17 скока.

Маверикс ги задржаа Елените на 32 победи по 51 натпревар, на кои многу им недостасуваа поените на Јанис Адетокумбо. Минатосезонскиот МВП беше неивезесен за овој меч, но сепак настапи и во 17 минути постигна скромни два поени.

Донован Мичел со 37 поени ја предводеше Јута до 23-тата последователна домашна победа со убедливите 122:103 над Портланд. По двата врзани порази, лидерот на Западот се врати во победнички колосек со помош на одличниот бек кој втор меч во низа бележи повеќе од 35 поени, откако пред две вечери реализира 41 поен во поразот од Феникс.

Останати резултати НБА:

Торонто 113:122 Чикаго, Оклахома 102:129 Кливленд, Сактаменто 101:113 Детроит.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести