Дербито е одложено поради дивеењето на домашните фанови кои го демолираа автобусот на гостите, тренерот е тешко повреден

Дербито меѓу Олимпик Марсеј и Олимппик Лион нема да се игра вечерва. Ова и официјално беше објавено на семафорот на стадионот „Велодром“ во Марсеј.

Причина за одложување на дербито е дивеењето на домашните навивачи. Фановите на тимот од Марсеј направија „жесток“ дочек за гостите. Автобусот со кој патуваа фудбалерите и стручниот штаб на гостите од Лион беше нападнат и буквално демолиран.

Беа искршени речиси сите прозори од автобусот, а најмногу настрада тренерот на гостите Фабио Гросо. Некогашниот италијански репрезентативец со крвава глава и крвави раце пристигна во подтрибинскиот простор на стадионот и веднаш беше преземан од лекарската екипа.

Покрај Гросо, беа повредени уште неколку фудбалери на гостите, па едноставно немаше услови дербито да се игра вечерва.

- Оглас -

Најнови вести