3141 Динамо Загреб – Хајдук (20 ч.)
Новото првенство во Хрватска започнува со вечното дерби и тоа на „Максимир“. Овие две екипи играа пред само шест дена и тоа во Супер купот на Хрватска, а Модрите победија со 1:0, со гол во второто полувреме, откако гостите од Сплит останаа со фудбалер помалку.
На последните седум меѓусебни дуели, Динамо има четири победи, а три средби завршиле реми. Во овој период Хајдук постигнал само три гола, што значи дека одбраната на Модрите е одлична.
Предлог тип: 1Х&0-3 (1.60)
2713 Салпа – Капа (17:30 ч.)
Двете екипи се во долниот дел од табелата во Финска. Капа е тимот кој ја има убедливо најлошата одбрана и досега прими 37 гола во 15 меча. Ниту еден друг тим во овој период нема примено повеќе од 25 погодоци, што само потврдува колку е очајна дефанзивата на Капа.
Најава дека треба да има погодоци е и традицијата. На пет од последните седум меѓусебни дуели, имало барем по три гола. Во овој период, Салпа има пет победи, а капа се радувала два пати.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.72)
3562 Јелгава – Леипаја (18 ч.)
Домаќинот е во лоша низа и има дури шест порази во последните девет меча, па не случајно е на претпоследното место на табелата во првенството на Летонија.
Леипаја игра многу посолидно и е тим кој цели на места кои водат излез во Европа. На девет од последните 10 меча, Леипаја и дава, но и прима барем по еден гол. Ако се види традицијата во дуелите со Јелгава, во последните шест пресметки имало дури 29 погодоци, што е просек од речиси пет погодоци на натпревар.
Предлог тип: ГГ3+ (1.76)
3551 Жалгирис – Судува (18 ч.)
Жалгирис ја елиминираше Струга ТЛ па сега ја продолжува битката за титулата во првенството на Литванија. Судува има освоено само два бода во последните шест кола, а пред два месеци успеа да го изненади Жалгирис и да го победи со 2:1, што е и единствена нивна победа во последните 11 дуели со овој ривал.
Овојпат Жалгирис треба да го искористи домашниот терен и лесно да победи.
Предлог тип: 1-1&3+ (2.45)
3302 Легија – Лоѓ (20:30 ч.)
Минатата сезона Легија киксираше и не беше првак на Полска, па сега уште од првото коло овој национален гигант ќе сака да покаже дека е подготвен за првото место. Лоѓ беше прв во Втора лига и си обезбеди место во елитното друштво, но на стартот ќе има многу тешка задача на гостувањето во Варшава.
Предлог тип: 1+I & 3+ (1.84)

