Дерби-дуелот меѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед е во фокусот на 19-тото коло на Спортска прогноза, а веќе можете да типувате на интернет-страната на обложувалниците на Sport Life во познатиот формат 13+2.
За новото коло ви нудиме уште дузина интересни парови од европските терени, а, секако, најинтересно ќе биде на „Енфилд роуд“, каде ќе играат големите англиски ривали и најтрофејни екипи со вкупно 38 титули.
Ливерпул е во страшна форма, но и Манчестер јунајтед игра сè подобро, па ќе биде интересно за кој од трите знаци ќе се одлучите со своја прогноза.
Премиер лигата доминира и во ова коло со вкупно пет двојки во основната програма од 13 парови, плус дуелот меѓу Арсенал и Шефилд јунајтед, кој е еден од двата резервни пара.
Време за вашите прогнози има доста, а последниот термин да го одиграте 19-тото коло на Спортска прогноза е до 15.30 часот во сабота, кога почнува дуелот од Бундеслигата меѓу Келн и Волфсбург.
Премија за секое коло е прекрасниот IPhone XS што го доделува Sport Life за погодени 13 парови од основната програма.
Секако, многу е важно да се погодат и резервните двојки, а поените се калкулираат во битката за Генералниот пласман. Тука подолг период лидер е Христијан Т. со 132 поени и мајсторски го чува врвот на табелата.
Наградата за шампионот во Генерален пласман е ТВ Смарт од 48 инчи, а ќе се додели по завршувањето на втората сезона на Спортската прогноза.
Не заборавајте да го одиграте 19-тото коло, наградите се подготвени, а и забавата со нашата бесплатна игра е загарантирана.