Дербито меѓу Порто и Бенфика излезе од контрола, полицијата пукаше кон навивачите (Видео)

На стадионот „Драгао“ беше одиграно големото португалско дерби меѓу Порто и Бенфика. Иако играа на свој терен, Порто претрпе убедлив пораз со 4:1. Со оваа победа Бенфика се искачи на чело на табелата во домашното пренство.

Навивачите на Порто не се научени дома да губат со 4:1, посебно не од големите ривали, па во еден момент почнаа да негодуваат на трибините. Домашните фанови влегоа и во конфликт и со полицијата, која не остана должна.

Полицајците веднаш реагираа, а дел од нив почнаа дури и да пукаат со гумени пиштоли.

- Оглас -

Најнови вести