17.8 C
Skopje
четврток, 18 септември 2025

Дербито меѓу Струга ТЛ и Шкендија заврши со реми, Тиквеш го победи Шкупи

Струга Трим Лум и Шкендија остануваат непоразени, но нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига по денешното возбудливо реми (1-1) меѓу конкурентите за највисок пласман на Градскиот стадион во Струга.

Фабрис Тамба ја доведе Шкендија во водство во 53-тата минута, но израмни Марјан Радески од пенал во 79-тата минута. Во 90-тата минута Христијан Малески постигна погодок за стружани, но по ВАР-проверката не беше признат поради офсајд-ситуација.

Тиквеш во шестото коло дојде до првата победа откако во Кавадарци го совлада Шкупи со 1-0. Берат Садик беше стрелец на победничкиот гол во 27-мата минута од дуелот. Шкупи и понатаму е единствениот тим без освоен бод во македонскиот шампионат.

- Оглас -

Најнови вести