ЦСКА Москва и по пет кола, останува непоразена во Евролигата, откако денес на свое тло го солвадаа тимот на Олимпијакос со 69:65. Во дербито на петтото коло, „армејците“ за победата мораа да се борат до крајот, откако гостите приредија неизвесна средба, но и финиш во Москва.
По израмнетите сили во првиот период, Олимпијакос на паузата замина со +4, односно 35-31. Комплетен пресврт направи ЦСКА, откако третиот период го освои фуриозно со 21-9, па во одлучувачката четвртина ја држеа минималната предност сè до крајот.
Серхио Родригез беше најефикасен за рускиот состав со 20 поени и пет скока, Клајбурн додаде 17 поени, а запиша и девет скока. Спанулис со 16 поени и шест асистенции беше најрасположен играч од редовите на Олимпијакос.