Дортмунд го совлада ривалот Менхенгладбах во дербито на Борусија со 2-1. „Милионерите“ им се вратија на победите по претрпениот прв пораз сезонава во Бундеслигата во претходното коло од Фортуна Д., а вечерва настрада второпласираната екипа во гермнаскиот шампионат.
Домаќините го отворија мечот во 42-та минута, по еден контра-напад, Џејдон Санчо ја затресе мрежата на Гладбах. Сепак, само моменти пред паузата Крамер донесе израмнување на „Сигнал Идуна парк“.
Поминаа само девет минути од второто полувреме, а капитенот Марко Ројс го реализираше вториот гол за Дортмунд, што воедно беше и решавачки во дербито.
„Милионерите“ по 17 средби бележат 42 бода и се на чело на табелата, а повторно имаат девет бода предност во однос на Менхенгладбах, односно Баерн. „Баварците“ утре имаат шанса да се вратат на -6, но ги чека незгодно гостување во Франкфурт против Ајнтрахт.
This kid @Sanchooo10 is special https://t.co/7hT4IqtoJy
— irie_man✌✌✌✌ (@MultiAubrey) December 21, 2018
https://www.youtube.com/watch?v=DQ74qF5JGK8