1.8 C
Skopje
петок, 9 јануари 2026

Дербито на „Емирати“ заврши без голови (Видео)

Во дербито на 21-то коло на Премиер лигата, Арсенал го пречека Ливерпул, но големата пресметка мина без голови. Мрежите на „Емирати“ во Лондон мируваа со почетните 0-0.


Домаќините ја контролираа играта во првото полувреме, но најголемата шанса ја пропушти Бредли, кога од блиска дистанца ја погоди гредата. Во второто полувреме Ливерпул беше поактивен на теренот, но немаше реален ефект пред голот на Арсенал.

Одбраната на Ливерпул блескаше, а особено Вирџил ван Дајк и Милош Керкез, кој целосно го неутрализираше Букајо Сако. Арсенал претрпе прв голем удар кога Ливерпул изнуди неколку шанси, но одбраната и голманот Алиссон беа на висина на задачата.

На крајот, мечот донесе малку возбудување во судиското продолжение. Мартинели се обиде со соло-акција, но Алиссон интервенираше, а Бредли се повреди и беше изнесен на носилки.


Арсенал ја прекина серијата од седум победи, додека Ливерпул за првпат оваа сезона не успеа да победи на дерби натпревар.

- Оглас -

Најнови вести