Дербито на Италија без победник

Интер и Јувентус ремизираа при конечни 1-1 во дербито од 34-тото коло во Серија А. Избраниците на Лучијано Спалети пропуштија шанса да му се доближат на Наполи на табелата, а воедно го запишаа осмото овосезонско реми во калчо лигата.

Преполниот „Џузепе Меаца“ го израдува Раџа Најнголан во седмата минута. Белгиецот постигна вистински убавец во раната фаза од дербито. Сепак, радоста на домаќините заврши по израмнувачкиот погодок на Кристијано Роналдо. Ѕвездата на „старата дама“ ја затресе мрежата на Хандановиќ во 62-та минута, па така Португалецот на своето конто сега брои 20 гола во Серија А.

Јувентус уште во претходното коло ја потврди осмата последователна титула во Италија, па за нив овој меч беше само формалност. Интер пак, можеше да ја намали бодовната негатива на Наполи на три бода, а „нероаѕурите“ воедно се на чекор да обезбедат учество во групната фаза од Лигата на шампионите втора година во низа.

 

- Оглас -

Најнови вести