Дербито на Италија и англиското дерби се предизвик за прогнозерите во новото коло на Спортска прогноза

Денеска почнува типувањето за новото, единаесетто коло на Спортска прогноза што за вас ја организираат Sport Life и Спорт Манија.

Стандардно, викенд-понудата за новото коло има мечеви од најсилните лиги во Европа кои се играат в сабота и в недела, а најатрактивни натпревари се најголемото дерби со Серија А, популарното Дерби на Италија меѓу Јувентус и Интер, како и пресметката меѓу екипите кои доминираат во Премиер лигата, Манчестер сити – Ливерпул.

Во сабота се играат шест натпревари, додека во недела седум, а колото започнува големото англиско дерби меѓу Манчестер сити и Ливерпул.

Уште три меча од Премиер лигата се дел од саботната понуда, Њукасл – Челзи, Нотингам форест – Брајтон и Шефилд јунајтед – Борнмут. Возбудливи се очекува да бидат и дуелите меѓу Ајнтрахт Франкфурт – Штутгарт и меѓу Аталанта и Наполи.

Во недела има уште седум натпревари, а во фокусот ќе биде Дербито на Италија меѓу Јувентус и Интер. Двете екипи се наоѓаат на првите две позиции на табелата во Серија А, лидери се Нераѕурите со 31 бод, а Јувентус има два помалку. Покрај најголемото италијанско дерби, в недела играат уште и Калјари – Монца, Емполи – Сасуоло и Фрозиноне – Џенова, додека Бундеслигата е застапена со мечот Хајденхајм – Бохум, а од Лига 1 има два натпревари, и тоа Монпелје – Брест и Олимпик Лион – Лил.

Тука се и двата резервни пара кои се од Премиер лигата, Тотенхем – Астон вила и Евертон – Манчестер јунајтед.
За погодена 13-ка, подарокот можете сами да си го одберете.

Изборот е меѓу трите понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K,

Xiaomi електричен тротинет и

Сони плејстејшн 5.

Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар, на ним им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари.

Прогнозирајте и бидете во трка за освојување на примамливи подароци!

- Оглас -

Најнови вести