14.8 C
Skopje
четврток, 20 ноември 2025

Дербито на Лондон ќе биде посиромашно дури за 19-мина повредени фудбалери

Во недела се игра големото дерби меѓу Арсенал и Тотенхем на „Емирати“, но се очекува натпреварот да биде без неколку играчи од двете екипи. Всушност, бројката на повредени и отсутни фудбалери би можела да достигне и до 19.

Арсенал е во големи проблеми поради бројни повреди. Некои играчи се повредија за време на репрезентативната пауза, а други веќе подолго време се надвор од теренот.

Габриел се повреди на натпреварот за Бразил и ќе паузира околу два месеца. Тимбер исто така се повреди додека настапуваше за Холандија. Хаверц и Одегард имаат проблеми со коленото, а Ѓокереш сè уште е надвор поради повреда. Калафиори се врати од репрезентативните обврски, но исто така со повреда.

Мартинели сè уште чувствува последици од повредата на мечот против Кристал палас, а Мадуеке е надвор од септември. Габриел Жесус нема да се врати до декември.

Тотенхем има слични проблеми. Лукас Бергвал и Рандал Коло Муани се повредени, а Соланке веќе подолго време не може да игра. Џејмс Медисон ќе се врати во мај, Кулушевски во јануари, а Драгушин најверојатно следниот месец. Арчи Греј има проблем со задниот дел на бутниот мускул и можеби ќе го пропушти дербито со Арсенал. Исто така повреди пријавија и Бен Дејвис, Ив Бисума и Кота Такаи.

- Оглас -

Најнови вести