Дербито на Мадрид ќе го добие Реал, велат играчите на Спортската прогноза

Tипувањето за 24-тото коло на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, е отворено до сабота во 15:30 часот, а досега многу играчи веќе ги дадоа своите предвидувања. Тие што сѐ уште размислуваат, можат да типуваат и во текот на денешниот и утрешниот ден.

Интересно, според досегашните изјаснувања на играчите, Реал Мадрид е голем фаворит во градското дерби со Атлетико Мадрид. Повеќе од две третини од типувачите велат „кец“ за Кралскиот клуб во пресрет на пресметката на „Сантијаго Бернабеу“.

Во недела се игра и финалето на англискиот Лига куп меѓу Арсенал и Манчестер сити. За овој натпревар типовите се поделени, со напомена дека најмногу играчи типуваат на „икс“ во регуларниот тек од дуелот.

Прогнозерот кој ќе погоди 13 натпревари од основната понуда ќе добие iPhone 16 како награда. За 12 погодени следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека за 11 погодени натпревари се добива ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести