Дербито на Манчестер е во фокусот на новото коло на бесплатната Спортска прогноза

Во новото, 26-то коло по ред од седмата сезона на Спортска прогноза во фокусот е дербито на Манчестер. Градските ривали ќе играат в недела, од 17.30 часот на „Олд Трафорд“, и тоа секогаш е дуел кој носи дополнителна возбуда.

Сити оваа сезона не е на своето препознатливо ниво, а Јунајтед е уште послаб, па и двата тима ќе се обидат да им донесат барем малку радост на своите фанови.

Освен дербито на Манчестер, тука се уште 12 други натпревари, пред сѐ од Топ 5 лигите, но и португалското дерби меѓу Порто и Бенфика.
Како и во секое коло така и сега, главна цел на сите е да се обидат да погодат Среќна 13-ка, односно да ги погодат сите 13 фикса.

Прогнозерот кој тоа ќе успее да го направи, односно да биде перфектен без ниту една грешка, ќе има можност да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени се добива вредносен ваучер од Sport Life од 1.000 денари, а 11-ката вреди ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести