Дербито на Манчестер во стилот во кој играат двата тима цела сезона

Манчестер јунајтед и Манчестер сити одиграа без голови во градското дерби кое се играше на „Олд Трафорд“. Разочарувачки е кога нема да има голови во едно дерби, но двата тима денеска повеќе гледаа како да не примат гол, отколку да нападнат и да реализираат.

Ремито не им одговара ниту еден еден од двата тима. Сити е на петото место на табелата со 52 бодови, додека Јунајтед останува на 13-тата позиција со очајни 38 бодови.

Двата тима имаа свои шанси за погодок, а Црвените ѓаволи може да се пофалат дека немаат пораз од градскиот ривал на последните четири меѓусебни дуели (две победи и две нерешени).

- Оглас -

Најнови вести