29.8 C
Skopje
среда, 23 јули 2025

Дербито на Северен Лондон ќе биде во знакот на Тотенхем

1008 Тотенхем – Арсенал (17:30ч)

Според историјата и ривалитетот на овие две екипи, градското дерби во Лондон во најмала рака треба да биде возбудливо и исполнето со погодоци. Меѓутоа, Тотенхем е предводен од Жозе Мурињо, па иако екипата е меѓу најефикасните во Премиер лигата, Петлите прво се стремат да ја сочуваат мрежата, а потоа да се обидат да ги освојат бодовите.

На спротивната страна, Артета посакува неговите фудбалери атрактивно да бележат позитивни резултати, но тој план засега не функционира како што треба, па така Арсенал ова дерби ќе го дочека од 14-тата позиција на табелата со само 13 освоени бода по 10 натпревари.

Билансот од 2-1 е во корист на домаќините од последните пет меѓусебни дуели, од кои во два не се одреди победник, па затоа на Тотенхем му се даваат повеќе шанси за триумф.

Предлог тип: 1 (2.15)

 

1107 Ливерпул – Вулверхемптон (20:15ч)

И покрај бројните повреди, Јирген Клоп успева да најде начин да го одржи неговиот Ливерпул во добар ритам. Актуелниот англиски првак со евентуален триумф може да избие на чело на табелата во Премиер лигата, меѓутоа Волците на „Енфилд“ доаѓаат со голема самодоверба по победата над Арсенал во претходното коло.

Ливерпул ги доби сите четири премиерлигашки дуели откако Волците се вратија во елитата, но не со повеќе од два погодоци, при тоа Црвените примија само еден гол. Овој биланс треба да биде зачуван и вечерва, а Ливерпул да го продолжи рекордот без пораз на домашен терен на 65 првенствени натпревари.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.35)

 

3651 Сампдорија – Милан (20:45ч)

Лидерот Милан за овој меч е ослабен во нападот со отсуството на Златан Ибрахимовиќ, а поради повреда мечот најверојатно ќе го пропушти и вториот Скандинавец, данскиот стопер Симо Кјаер. Сепак, Росонерите негуваат голема доза на самодоверба дека и без двајцата клучни играчи ќе продолжат со газењето во Калчото и по гостувањето во Џенова.

Милан гостува кај екипата која во изминатите четири кола претрпе два порази и две ремија, па затоа тимот на Пиоли цели на осма победа во шампионатот со која ќе се зацврсти на врвот на табелата.

Милан на последното гостување на „Луиџи Ферарис“ славеше со убедливи 4-1, од кои два гола ги постигна Златан, а сега без него ќе се атакува на сличен исход.

Предлог тип: X2 & 2-4 (1.85)

 

1808 Шалке 04 – Баер Леверкузен (18ч)

И двете екипи се заглавени во проблеми со отсуства на бројни првотимци, дел поради повреди, а дел поради заразеност од ковид-19. Поради тоа Шалке е на дното во Бундеслигата со шест порази и три ремија по девет кола, што е рана закана за некогашниот германски првак да испадне од елитата.

Леверкузен е во сосема спротивна ситуација, по девет меча се наоѓа на четвртото место со 19 бода и уште нема претрпено пораз, а бодовите ги освои по пет победи и четири ремија. Фармацевтите со биланс од 3-1 и едно реми од последните пет меѓусебни средби влегуваат во овој дуел, со цел да се прекине двегодишниот пост без победа во Гелзенкирхен.

Предлог тип: X-2 (4.40)

 

1309 Aлавес – Реал Сосиедад (21ч)

Ретко кој очекуваше дека Сосиедад рано во сезоната ќе се наметне како конкурент за титулата. Но, тимот од „Аноета“ моментално е во трка со Атлетико Мадрид за врвот во Ла Лига, а со евентуален триумф вечерва повторно ќе биде лидер.

Сепак, Алавес не е тим кој предвреме ќе се предаде, особено што негува серија од пет меча без пораз во првенството. Тимот од Виторија доби три од вкупно осум лигашки дуели против Сосиедад во изминативе четири години, а интересно е што победник редовно се издвојува кога играат овие две екипи.

Предлог тип: X2 & 2+ (1.59)

- Оглас -

Најнови вести