Денеска почнува типувањето за новото, 25-то коло на Спортска прогноза што за вас ја организираат Sport Life и Спорт Манија.
Стандардно, викенд-понудата за новото коло има мечеви од најсилните лиги во Европа кои се играат в сабота и недела, а сега има и натпревар од шкотската Премиер лига, и тоа една од најголемите градски дерби-пресметки на светот, популарниот Олд Фирм меѓу Селтик и Ренџерс.
Во сабота се играат седум натпревари, додека во недела шест, а колото започнува токму со популарниот Олд Фирм, кој претставува дерби на сите дербија бидејќи ги опфаќа сите пори на животот.
Ова е повеќе од градско дерби бидејќи претставува дуел и на религиско поле (протестанти и католици), на политичко (лојалисти и републиканци), на етничко поле (Шкоти и Ирци), како и на класната припадност (средна и работничка класа). Досега се одиграни 433 натпревари, Ренџерс славел на 168 дуели, Селтик на 163, а 102 средби завршиле без победник.
Ривалството меѓу овие две дерби-пресметки трае речиси 135 години, првиот натпревар бил одигран на 28 мај 1888 година, а завршил со победа на Селтик со 5:2.
Последниот дуел се играше пред 40-тина дена во рамките на Лига купот и повторно славеше Селтик (2:1).
Во саботните пресметки ќе се игра уште едно дерби, во Серија А, и тоа меѓу Лацио и Јувентус. Возбудливи се очекува да бидат и премиерлигашките пресметки меѓу Брентфорд и Њукалс, меѓу Фулам и Вест хем и таа меѓу Тотенхем и Брајтон.
Во недела има уште шест натпревари и сите се исклучително интересни, а најголемо внимание привлекува големото дерби во Премиер лигата меѓу Ливерпул и Арсенал.
Во Ла Лига, Валјадолид ја пречекува Мајорка, додека колото на Спортска прогноза завршува со дуелот меѓу Алмерија и Валенсија. Има два интересни дуела во француската Лига 1, Ажаксио го пречекува Оксер, додека Троа игра против Клермон.
Тука се и двата резервни пара кои се од Бундеслигата, Борусија Дортмунд – Унион Берлин и Борусија Менхенгладбах – Волфсбург, кои се бројат во генералниот пласман, а може да влетаат и во основната 13-ка ако некој меч од тие биде одложен.
Најуспешните во секое коло ги наградува Sport Life, а подарокот можете сами да си го одберете под услов да погодите Тринаесетка.
Изборот е меѓу трите понудени варијанти:
Смарт ТВ самсунг 55” 4K,
Xiaomi електричен тротинет и
X Box Series X.
Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе промашат еден пар, а им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, и за тие со две утки, а се добива ваучер од 500 денари.
Колото ќе биде отворено за прогнозирање од денеска од 14 часот, па сè до сабота до 15 часот и почетокот на мечот меѓу Емполи и Торино.