Два меча во Лондон и Рим предизвикуваат најголемо внимание денеска и треба да бидат незаобиколен дел од уплатените тикети во SPORT LIFE. Станува збор за дербија за крај на колото во Премиер лигата и во Серија А. Интересно ќе биде и во Солун, Истанбул и Стокхолм. Понеделнички, неделата може да тргне убаво доколку направите добитно ливче, а ние Ви помагаме со пет мини-анализи и предлози.
Тотенхем – Манчестер сити (21 часот)
Доколку продолжи традицијата, головите вечерва на „Вембли“ помеѓу двата тима од Лигата на шампионите се загарантирани. Гостите со победа би го стигнале лидерот Ливерпул, но и лондонскиот тим ќе има што да каже. Со три бода, Спарс ќе избие пред „граѓаните“. Нема да има многу калкулации, но теренот е во лоша состојба, откако таму се играше меч од НФЛ лигата во американски фудбал. Во минатата сезона, Сити како гостин славеше со 3-1, нема да биде изненадување ако се повтори резултатот.
Предлог тип: Т22+ & ГГ(2.40)
Лацио – Интер (20.30 часот)
Дуелот на голгетерите Имобиле и Икарди ќе биде во центарот на вниманието на „Олимпико“, но мечевите на Интер во последно време се доста тврди. Лацио не го победил Интер од мај 2016 година. Во првите девет кола, Лацио уште не играл нерешено, а Интер само еднаш ремизираше, и тоа уште во август. Мора да спомнеме дека постоеја најави за големо невреме во Рим, па можно е да се игра на силен дожд и ветер, а во најлош случај, средбата да се одложи или да се прекине.
Предлог тип: Х2 & 2+ (2.10)
Бешикташ – Ризеспор (18 часот)
Бешикташ никако да ја стабилизира формата и можеби овој меч е шанса да даде три гола, од кои барем еден во првото полувреме. Истанбулските „црно-бели“ се дури седми на табелата и нема избор освен победа пред своите фанови. Со победа би се искачиле на четврто место, но Ризе е тим кој многу често игра нерешено и ќе треба што порано да му се разбие бункерот.
Предлог тип: Т1 1+I & T1 3+ (2.60)
ПАОК – Панатинаикос (20.30 часот)
Секогаш кога играат овие два клуба, Солун „гори“ и притисокот од трибините создава проблем за играчите. ПАОК има 100 отстотен учинок, седум меча, седум победи и само два примени гола, но и „зелените“ детелинки не се лоши со шест победи и една нерешена. ПАОК ќе сака да се извади за поразот во Лигата на Европа, но и заморот може да биде проблем.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.97)
AИК – Малме (19 часот)
Ова е големо дерби во шведското првенство, но АИК има меч-топка кога е во прашање борба за титулата. Ако победи, тимот од Стокхолм ќе отиде на шест бода предност во однос на вториот Норчепинг. Мотивот на Малме е да се пробие на местата кои водат во Европа. АИК три години не победил дома против ривалот од југот на Шведска.
Предлог тип: 1 (2.35)