Дербито не можеше без драма, се стоплија сино-белите срца во ладниот „Јане Сандански“ (Фото)

МЗТ Скопје Аеродром го победи Работнички со 91-87 во големото скопско кошаркарско дерби кое се играше по 160-ти пат. За Штрковите ова е 69-та победа.

Војдан Стојановски со 26 поени беше најефикасен поединец, а тој ги даде и клучните поени од слободно фрлање на 6,8 секунди до крајот.

Лошата реализација на слободните (само 42 проценти успешност) беше проблем за гостите. Нотиџ блесна со 31 поен, но освен него, само уште двајца поединци кај Работнички имаа двоцифрен број поени, додека кај МЗТ шестмина имаа барем по 10 поени.

И фановите придонесоа за ова дерби да биде интересно, дел од мечот се одигра во зачадена сала, а температурата беше необично ниска, па факлите добро им дојдоа и дополнително да се загреат.

- Оглас -

Најнови вести