Новата сезона во ракометната Суперлига нема да се отвори како што беше планирано, со градското дерби во Битола. Мечот Пелистер- Еуфорфарм Работник нема да се игра утре, откако управата на зелените“ поднесе барање до федерацијата да се одложи мечот.
Причините се технички проблеми во салата „Боро Чурлевски“, а по барањето до федерацијата се согласи и противникот на Пелистер. Дербито најверојатно ќе се одигра во вторник, во предвиденото исто време од 18:30 часот.
Во останатите средби во првото суперлигашко коло, силите ќе ги одмерат, Борец – Струга (19ч, сабота), Вардар Јуниор – Радовиш (18.30ч сабота), Бутел – Прилеп 2010 (12ч недела), Пролет – Охрид (19.30ч недела).