Веќе е отворено типувањето на натпреварите од второто коло на бесплатната игра на Sport Life, Спортска прогноза.
Првиот натпревар започнува во сабота во 13:30 часот, а тоа е дуелот помеѓу Шефилд јунајтед и Евертон.
Сепак, главниот предизвик во ова коло ќе биде големото дерби на Премиер лигата помеѓу Арсенал и Манчестер јунајтед. Дуелот на програмата е во недела, со почеток во 17:30 часот.
Помеѓу понудените натпревари, најмногу се од германската Бундеслига, дури четири. По три натпревари се од Премиер лигата и француската Лига 1. Два натпревари се од шпанската Ла Лига, а еден меч е од португалското првенство.
Резервните двојки се по еден дуел од Серија А и Лига 1.
Најуспешните во секое коло ги наградува Sport Life, а подарокот можете сами да си го одберете под услов да погодите Тринаесетка.
Изборот е меѓу трите понудени варијанти:
Смарт ТВ самсунг 55” 4K,
Xiaomi Електричен тротинет и
Сони плејстејшн 5.
Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе промашат еден пар, им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари.
Прифатете го предизвикот и прогнозирајте за да бидете во трка за освојување на примамливи подароци!