Дербито против Сити уште не почнало, а Клоп бара изговори

По нецели 10 одиграни кола, Ливерпул веќе има двоцифрено заостанување зад најдобрите екипи во Премиер лигата, па тренерот на Црвените, Јирген Клоп неодамна изјави дека трката за титулата за нив е недостижна. Ливерпул денеска го очекува голем предизвик. На „Енфилд роуд“ го пречекува шампионот Манчестер сити, а германскиот стратег уште пред да започне дуелот, како да почна да бара оправдувања за евентуалниот неуспех.

„Никој не може да се мери со Манчестер сити. Тие го имаат најдобриот тим во светот, а летово го купија и најдобриот напаѓач (Ерлинг Халанд). Не е важно колку чинел, важно е дека го доведоа во своите редови. Ние тоа не можевме да го направиме, тоа е невозможно за нас. Постојат три клуба во светот кој финансиски може да направат што сакаат. Тоа е легално и е океј, но тие може да прават апсолутно што ќе посакаат, а ние мора да се натпреваруваме со нив. Таква е ситуацијата и тоа за мене не е проблем“, вели Клоп, кој како да заборави дека во неговиот тим летово дојде фудбалер за кој беа платени преку 80 милиони евра.

Ливерпул сезонава веќе еднаш го победи Сити и тоа во борба за трофејот во Комјунити Шилд. Тимот на Клоп победи со 3:1 во мечот на кој Халанд дебитираше за Граѓаните.

- Оглас -

Најнови вести