Дербито во Кале е (привремено) прекинато, играчите на МЗТ заминаа во соблекувална (Видео)

Фрлени пиротехнички средства кон кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, е причина што скопското кошаркарско дерби е прекинато.

Фановите на домашниот клуб најпрвин на терен фрлија хартиени ленти и конфети, а додека се собираа од паркетот за средбата да продолжи, беше фрлен факел кон гостинската клупа, по што Металците заминаа во соблекувална.

Ваквите сцени во минатото беа чести кога играа овие два клуба, но во последните години се одвикнавме, па ова делува како сериозен инцидент кој потсети дека ривалството уште постои.

Судиите и делегатот треба да решат што и како понатаму.

- Оглас -

Најнови вести