Дербито во купот е во Струмица – Вардар има тамам противник за рехабилитација

Академија Пандев и Вардар ќе играат денеска од 14.30 часот, во дербито од осминафиналните дуели во националниот Куп на Македонија.

Гостите не можеа да одберат подобар противник за рехабилитација по поразот од 1:5 против Шкендија викендов и ќе ја брани серијата од 11 меча без пораз против Академците на Пандев.

Домаќините исто така ќе се обидат да победат, откако скромно стартуваа во домашното првенство, па веројатно шанса за излез во Европа ќе бара преку мечевите во националниот Куп.

Денеска се играат уште 7 меча од осминафиналето во истиот термин од 14.30 часот.

Двојки: 

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ВАРДАР

БРЕГАЛНИЦА – БЕЛАСИЦА

КОЖУВ – СИЛЕКС

МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. – САСА

РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР

ШКЕНДИЈА – ГОСТИВАР

ШКУПИ – КИТ ГО ПЕХЧЕВО

СТРУГА ТРИМ ЛИМ – РАБОТНИЧКИ

 

- Оглас -

Најнови вести