Дербито во Ливерпул засега е „еднонасочна улица“, Сити за негова среќа губи само со 0-1

Манчестер сити делува немоќно и не може глава да крене од нападите на Ливерпул во првите 30 минути од големото премиерлигашко дерби на „Енфилд“ на кое Црвените водат „само“ со 1-0 со оглед на тоа дека се доминантни на теренот и притисокот кој го вршат.

Коди Гакпо кој во средата даде гол против Реал Мадрид, овојпат доби шанса да биде стартер и ја оправда довербата, и без проблем од близина ја затресе мрежата на Сити по еден центаршут на Мохамед Салах.

Интересно е дека за првпат по 2017 година во премиерлигашките дуели помеѓу Ливерпул и Сити, на головите на двата тима ги нема Бразилците Едерсон или Алисон. Ако Ливерпул победи, ќе има девет бодови предност пред Арсенал и Челзи, а 11 пред актуелниот првак Сити.

- Оглас -

Најнови вести