Дербито во НБА ќе биде со голем број поени

8638 Мемфис гризлис – Голден Стејт ворирорс (НБА, 02:00 часот)

Мемфис е една од екипите коишто се во најдобра форма во НБА-лигата. Серијата од седум победи по ред е показател за тоа, а на последната убедливо славеа и над Лос Анџелес лејкерс.

На спротивната страна, пак, ги имаат расположените Голден стејт ворирос, коишто во своите редови го имаат и Клеј Томпсон, кој се врати по долгата пауза и во комбинација со Стеф Кари ќе ни пружат уште една неверојатно атрактивна средба со голем број поени.

Предлог тип: >220.5 (1.91)

 

8637 Чикаго булс – Детроит пистонс (НБА, 02:00 часот)

Тој што следи НБА, знае дека Чикаго е огромен фаворит на оваа средба.

Детроит едноставно нема квалитет барем сезонава да даде некој голем отпор, а имаа и неколку понижувачки порази сезонава.

Домаќините ќе се обидат да го решат прашањето околу победникот во првото полувреме за да ги одмараат најголемите ѕвезди во вторите 12 минути.

Предлог тип: 1 со хендикеп, -7.5 (1.87)

 

8001 Вашингтон визардс – Оклахома сити тандер (НБА, 01:00 часот)

Победата не би требало да биде под знак прашалник за домаќините, коишто котираат на солидното деветто место во Источната конференција.

Од друга страна, пак, Оклахома со скор од 13 победи и 26 порази се наоѓа на предпоследната позиција на Западот и се надева дека на наредниот драфт ќе добие што подобра позиција за поквалитетен играч бидејќи во оваа сезона нема шанси за никаков поголем успех.

Предлог тип: 1&<215.5 (2.55)

 

8455 Анахајм дакс – Питсбург пенгуинс (НХЛ, 04:00 часот)

Ова е едно од најголемите дербиња во НХЛ-лигата. И двата тима имаат безброј мегадуели, како и средби коишто биле одлучувачки за титула.

Ова им е прва средба во сезоната, а и двата тима не играат според првичните очекувања.

Анахајм е на петтото место на Западот, додека Питсбург е на седмата позиција во Источната конференција.

И на двата тима им фалат неколку играчи коишто се во „аут“ поради ковид-19.

Предлог тип: <5.5 (1.95)

 

8201 Бафало сејбјерс – Тампа беј лајтнинг (НХЛ, 01:00 часот)

Тампа беј е нашиот омилен тим од НХЛ-лигата кога станува збор за обложување. Секогаш играат на гол повеќе, а тоа минатата сезона им ја донесе и титулата.

И во оваа година навистина играат одлично и речиси секогаш кога ги имаме во Полноќниот експрес на повеќе голови, тие не испочитувале, а неретко знаеле и нивните средби да бројат и двоцифрен број голови.

И овојпат ќе напоменеме дека е доволно да се погледне само меѓусебната историја, каде што во просек има неверојатни 7,2 голови по натпревар.

Предлог тип: >5.5 (1.65)

- Оглас -

Најнови вести