Дербито во Валенсија за „лилјаците“

Валенсија славеше во градското дерби против Леванте со конечни 3-1. Претпоследниот меч од 32-рото коло во Ла Лига заслужено им припадна на „лилјаците“, а македонскиот репрезентативец Енис Барди не можеше многу да стори за неговата екипа бидејќи ги одигра последните петнаесетина минути од средбата на „Месталја“.

Санти Мина уште во втората минута донесе водство за Валенсија, додека гостите се вратија во игра во 56-тата минута, со автоголот на Солер. Сепак, само една минута подоцна Гедеш се запиша во листата на стрелците за нова радост на „лилјаците“, а набрзо потоа Мина ги реши сите дилеми со неговиот втор гол на средбата.

Тренерот на Леванте, Пако Лопес, доцна се сети да го внесе Барди во игра, во моменти кога македонскиот играч за врска не можеше многу да стори за Леванте.

Валенсија по оваа победа има 49 бода и е на шестото место, Леванте претрпе 15-ти пораз во шпанското првенство и има 33 бода по 32 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести