Новото 22-ро коло од најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, е тука и веќе може да прогнозирате на 13-те натпревари од основната понуда и двата резервни пара кои се бројат во трката за генералниот пласман.
Главниот предизвик за играчите е да погодат како ќе заврши мечот Наполи – Интер, дуел на првопласираните две екипи во италијанската Серија А. Лидерот Интер има бод предност, па ако победи Наполи, ќе дојде до промена на лидерското место. Нерешено може да биде од полза и за Аталанта, која е трета и има три бода помалку од Интер.
Крајниот рок за типување е сабота, 14 часот, кога почнува мечот Жирона – Селта. Од саботната понуда тука се по неколку дуели од Германија и Шпанија.
За недела ќе останат средби од Франција, Германија, Шпанија и Италија. Во Италија и в недела има дерби, Милан е домаќин на Лацио.
За 13 погодени натпревари сами си бирате еден од трите подароци (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.