Десет години играа заедно во Реал Мадрид, а сега ќе играат еден против друг и тоа во Саудиска Арабија

Темата Саудиска Арабија и големите суми кои ги нудат се најпопуларна тема деновиве низ светските медиуми. Откако Лионел Меси ја одби понудата од фантастични 400 милиони евра годишно од Ал-Хилал, сега нов фудбалер е на списокот на желби на овој клуб.

Договорот помеѓу Серхио Рамос и ПСЖ истекува на лето и голема е веројатноста дека нема да биде продолжен. Тоа ќе се обидат да го искористат од Ал-Хилал и да го убедат еден од најдобрите дефанзивци во историјата да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија и да игра против неговиот голем пријател со кој десет години настапуваа во Реал Мадрид, Кристијано Роналдо.

Интересно ќе биде да се видат Рамос и Кристијано еден против друг и тоа во дресовите на најголемите ривали во првенството на Саудиска Арабија.

- Оглас -

Најнови вести