Многу години играше за Арсенал и Сити, сега никој не го сака, па ќе менува професија

Самир Насри беше голема надеж на францускиот фудбал, но никогаш не блесна во полн сјај. Французинот го покажа потенцијалот како играч на Олимпик Марсеј, а во 2008 година за сума од 16 милиони евра направи трансфер во Арсенал.

Меѓу Топчиите остана три сезони, а потоа за сума од 30 милиони евра направи трансфер во Манчестер сити. Во дресот на Граѓаните одигра неколку добри сезони, но кога требаше да биде кулминација на неговата кариера, работите тргнаа во погрешна насока. Насри беше дел од неколку скандали, па замина во турскиот Анталијаспор, но не се прослави.

Кратко се врати во Премиер лигата, во тимот на Вест хем, а потоа замина во Андерлехт. По една сезона во белгискиот тим, остана без клуб и иако бараше каде да продолжи, ниту еден клуб не му даде шанса. Сега Насри, кој има 34 години, прифати понуда да биде телевизиски фудбалски аналитичар за Канал +, што значи дека во скоро време и официјално може да очекуваме крај на кариерата на фудбалерот, кој има и 41 настап за француската репрезентација.

 

- Оглас -

Најнови вести