Дури 10 клубови од Лига 1 и Лига 2 побараа државна помош за спасување од банкрот. Доколку за брзо време не добијат „свежи пари“, клубовите најавија дека ќе мора да згаснат, откри сопственикот на Сандерленд, Дејмин Колинс.
Според проценките на претседателот на Англиската фудбалска лига, клубовите кои се од третиот и четврти ранг во земјата ќе загубат повеќе од 200 милиони фунти.
Во Англија постои голема дилема дали и кога ќе продолжи Премиер лигата во која Ливерул треба да стане првак, но формално не е осигуран трофејот што гигантот од „Енфилд роуд“ го чека точно 30 години.