Баерн Минхен ќе биде противникот на Пари Сен Жермен во неделното финале на Лигата на шампионите откако вечерва германскиот првак го порази Лион со 3-0.
Баерн незапирливо оди по шестата континентална титула, а баварската машина на тренерот Ханси Флик може да стане прв тим во историјата кој до титулата дошол со победи на сите мечеви во ЛШ во сезоната. Засега Баерн е на 10 од 10, а ќе биде фаворит и за 11-тата победа сезонава, која би им го донела пехарот. Баерн покажа некои слабости во одбраната кои Лион не ги искористи, но нападот е убиствен и во најава е одлично и ефикасно финале.
Серж Гнабри даде два, а Роберт Левандовски еден гол, па сега тие двајца заедно сезонава имаат 24 погодоци и го урнаа рекордот на Кристијано Роналдо и Герет Бејл за најефикасен тандем во историјата на ЛШ во една сезона.
Ова е третиот гол вечерва, кој беше дело на Полјакот Левандовски:
https://www.youtube.com/watch?v=eP4SdNB4irM